Posted by Threbenishte
Скриена Македонија - над облаците.

Слика 1: Од Шар Планина поглед на Полошката и Скопската котлина. Првото било е на планината Жеден, второто она лево речиси целосно покриено со шума е на Скопска Црна Гора и последниот масив, најдалечниот, тоа се Осоговските Планини.

Слика 2: Од јужните падини на планината Китка, над селото Градовци, поглед кон Повардарие и Велес. Се разбира ништо не се гледа.

Слика 3: Од Шар Планина, поглед на Полошката котлина и висорамнините на Сува Планина, во далечината е Ниџе.

Слика 4: Од врвот на Китка, поглед кон Скопската котлина и источните падини на планината Китка. Под облаците е Скопје.

Слика 5: Од Шар Планина, поглед на Полошката котлина и дел од Сува Планина. Во позадина е Караџица чии падини одат до езерото Козјак. Помегу Сува Планина и Караџица се наога езерото Козјак. Крајното парче магла во долината го покрива селото Белица, во близина на Македонски Брод.

Слика 6: Од источните падини на Китка, над село Градовци, поглед на Скопската котлина. Централно е Скопска Црна Гора, додека лево во далечината се Жеден и Шар Планина.

Слика 7: Од Златоврв, Трескавец, поглед кон Пелагонија во делот на Прилеп. Марковите Кули пловат на облаците, крстот ги издава (види покрупен кадар). Лево е Селечка Планина и Мариово.

No comments:
Post a Comment